Француската полиција го уапси сопственикот на станот во париското предградие Сен Дени, во кој денеска полициските сили спроведоа акција за неутрализирање на група вооружени лица.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, тој изјавил дека станот го дал под наем на две лица што пристигнале од Белгија.
Мажот и раскажал на полицијата дека негов пријател го замолил да прими двајца негови пријатели на неколку дена.
– Им реков дека нема душеци, но тие ми одговорија дека нема проблем. Имале потреба само од вода и место за молитва. Мојот пријател ми кажа дека доаѓаат од Белгија, рекол 30 годишниот сопственик на станот.
– Ми побараа услуга и јас ги услужив. Не знаев дека се терористи, вели тој.
Веднаш потоа тој бил уапсен од полицијата.
Француските власти посочија дека во антитерористичката акција нема загинати цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.