Само молитвите не се доволни за да се запрат терористичките напади како оние кои неодамна го потресоа Париз и го шокираа светот, кажал Далај Лама.
Будистичкиот духовен лидер од Тибет во интервју за германските медиуми кажал дека тероризмот претставува проблем кој го создале луѓето и поради тоа луѓето се тие кои мора да го решат но без помош од Господ.
-Луѓето сакаат да живеат мирен живот. Терористите се кратковиди и тоа е ден од причините за појавата на бомбашите самоубијци. Не можеме да го решиме проблемот само преку молитва- кажал Далај Лама и додал:„Јас сум будиста и верувам во молитва. Но тука луѓето го создадоа овој проблем ,а сега бараме од Господ да ни го реши. Тоа нема логика. Господ би кажал –решете го тоа самите, бидејќи сами и го создадовте“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!




