Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер во рамките од второто коло на мастерс турнирот во Лондон во групата А на најдобрите осум тенисери во светот. Веднаш по мечот, Ѓоковиќ истакна дека едноставно тоа не било негов ден, додека Федерер одиграл фантастично како во најдобрите денови.
– Роџер одигра одлично. Имаше одлични комбинации во текот на целиот меч, а јас направив многу грешки. Може да кажам дека му ја дадов оваа победа без никаков отпор. Едноставно немав свој ден – истакна Србинот.
Во Групата А во Лондон, сега Федерер има две победи, по една имаат Ѓоковиќ и Нишикори, а без триумф по две кола е Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.