| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на „Синедејс“ е „Ирационален човек“ на Вуди Ален и „Таткото“ на Висар Морина

Вечерва на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во скопското кино „Милениум“ во 20 часот е филмот на Вуди Ален „Ирациоанлен човек“.

WASP_DAY_21-0052.CR2

Освен Вуди Ален, на програмата е и „Таткото“ на Висар Морина, кој меѓу останатите, ја доби наградата за најдобар режисер на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари, работилницата со проф. Берак Таранч за вечната поврзаност на музиката и филмот, односно како инструментите, ритамот, мелодијата и хармонијата влијаат врз процесот на пишување сценарија и концерт на „Летечки Пекинезери“ се само дел од она што е денеска на програмата.

Денешна програма на „Синедејс“

Кино Милениум

20:00

„ИРАЦИОНАЛЕН ЧОВЕК“

Режија: Вуди Ален

Комбинација која ветува забава – Ема Стоун и Жоакин Феникс во филм режиран од Вуди Ален.  Сите тројца се дел од  филмот „Ирационален човек“ кој е приказна за професорот по филозофија Ејб Лукас. Откако емотивно ќе го допре дното, неможејќи да пронајде било какво значење или радост во животот, набрзо по доаѓањето во едно мало гратче каде предава на колеџ , Ејб се вплеткува со две жени – Рита Ричардс, осамена професорка којашто сака тој да ја спаси од несреќниот брак и Џил Полард, неговата најдобра студентка, која му станува најдобра пријателка. Сѐ ќе се промени сосема случајно кога Ејб и Џил ќе слушнат муабет на едно непознато лице што ќе им го привлече вниманието.

22:00

„АЈЗЕНШТАЈН ВО ГУАНАХУАТО“

Режија: Питер Гринвеј

Овој филм се случува во  1931 година, и е приказна за советскиот режисер Сергеј Ајзенштајн. Во екот на неговата уметничка моќ тој патува за Мексико за да го сними својот нов филм „Да живее Мексико“, откако претходно е одбиен од страна на Холивуд и е под огромен притисок да се врати во сталинистичка Русија.Филмот на Питер Гринвејс го истражува умот на еден креативен гениј којшто се соочува со желбите и со стравовите од љубовта, сексот и смртта преку десет страствени дена што помогнале во обликувањето на кариерата на еден од најголемите филмски мајстори.

Кино Фросина

12:00

„ВАЛКАНИ СЛАТКИ РАБОТИ“

Во филмот кој е дел од ревијата посветена на миграциите, се зборува за еден илегален нигериски имигрант кој ја открива валканата страна на животот во Лондон.  Една од главните улоги ја толкува и познатата актерка Одри Тату. 

19:00

„ХЕМОТЕРАПИЈА“

Режија: Бартек Прокопович

Триесетгодишниот Бенек доживува криза што главно се манифестира со незапирливи самоубиствени мисли и соништа за смрт. Случајно ја запознава прекрасната, привлечна и енергична Лена. Таа го воодушевува од самиот почеток, а уште повеќе ја засакува кога ќе открие дека не само што ја разбира неговата опседнатост со самоубиство, туку дека и таа го има истото чувство. Тие започнуваат едно необично патешествие, а Бенек дознава дека тој не е единствениот во животот на Лена. Девојката боледува од рак и не се обидува да го лечи. Воодушевен и исплашен, Бенек ветува дека ќе биде со неа до самиот крај.

21:00

„КУЧЕШКО СРЦЕ“

Режија: Лори Андерсон

„Кучешко срце“ е личен филмски есеј што истражува теми како љубовта, смртта и јазикот. Гласот на авторката е постојано присутен додека приказните за нејзиното куче Лолабел, за нејзината мајка, за детството, фантазиите, за политичките и филозофските теории се одвиткуваат во нежна песна како поток. Визуелниот јазик опфаќа анимација, осуммилиметарски филмови од детството на авторката, слоевити слики и брза анимација на текст. Во филмот е присутна и нејзина авторска музика во форма на дела за виолина, амбиентална електроника, песни, квартети. Клучно во овој филм е визуелната и поетска медитација за духовната состојба бардо – во будизмот позната како период помеѓу смртта и повторното раѓање.

bee663ae-1d13-46af-a65c-4d1678289dac

22:30

„ТАТКОТО“

Режија: Висар Морина

Висар Морина,  меѓу останатите,  ја доби наградата за најдобар режисер на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови вари а неговиот филм е во трка и за награда во категоријата СинеБалкан. „Таткото“ е приказна за десетгодишниот Нори и татко му Гесим кои заработуваат продавајќи цигари во предвоеното Косово во 90-тите години. Гесим постојано бега од минатото, a сега сака да побегне од Косово без Нори. Но момчето прави сѐ што може за да го спречи татко си да замине. Нори доживува незгода поади што мора да остане во болница, шанса за татко му да го напушти. Лут, но решителен, откако ќе закрепне Нори заминува на опасно патување за да го пронајде татко си. Го наоѓа во Германија. Со својата детска упорност, тој се соочува со татко си и не може да му прости што го напуштил.

Џебно кино

18:00

„АГА ЈУСЕФ“

Филмот „Ага Јусеф“ е дел од ревијата ирански филмови и е приказна за Ага Јусеф кој живее со ќерката единица и прави сѐ за да ѝ пружи подобар живот, надевајќи се дека вечно ќе остане негова. Но, едно недоразбирање многу ќе ги усложни работите.

  • 20:00
  • „ОБС – СИНГАПУРСКА ПРИКАЗНА“

THE OBS: A SINGAPORE STORY е музички документарен филм што се враќа низ времето за да стигне до креативниот процес на бендот The Observatory и неговите првобитни членови. Преку архивски снимки, фотографии и опсежни интервјуа со бендот, фановите, критичарите и соработниците, овој филм ги истражува врските и процесите зад мрачниот, блескав и неверојатен опус на овој бенд, наспроти контекстот на проблематичното музичко минато на Сингапур, проследено со режимски притисоци и променлива поддршка од јавноста.

22:00

“ЉУБОВ И ГНЕВ“

Режија: Пјер Паоло Пазолини, Бернардо Бертолучи, Жан Лук Годар, Маури Болонини, Мако Белочио, Карло Лизани.

Филмот е составен од пет дела (Рамнодушност, Агонија, Секвенција на хартиениот цвет, Љубов и Дискутираме, разговараме) кои што се занимаваат со некои од темите присутни во параболите и анегдотите од канонските евангелија на Исус. Само што овие прашања режисерите ги обработуваат во сегашно време.

Придружна програма

12:00 | Џебно кино

  • ПРЕДАВАЊЕ: Чувството на филм и музика

Работилницата со проф. Берак Таранч е на тема за вечната поврзаност на музиката и филмот, односно како инструментите, ритамот, мелодијата и хармонијата влијаат врз процесот на пишување сценарија? За време на работилницата, проф. Таранч ќе ги сподели своите искуства како професорка по музикологија и филм и со неа ќе патуваме заедно во мелодиите што го поврзуваат минатото со сегашноста и истовремено ни покажуваат како е целиот свет суштински поврзан.

Проф. Берак Таранч е родена 1962 година во Измир. Дипломира на Универзитетот Докуз Ејлул, на Катедрата за музички уметности при Факултетот за применети уметности во 1983 година. Магистрира на Институтот за социјални науки при истиот факултет. Проф. Берак Таранч е добитник на наградата Call to World Peace од Universal Brotherhood. Во моментов работи како професор на Егејскиот универзитет, на Државниот конзерваториум за турска музика и фундаментални науки, на Катедрата за турска музика.

Музичка програма

22:30 | МКЦ

ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ

Нашите драги Пекинезери одамна немаат свирено во МКЦ. Особена чест ни претставува нивниот престој во Хотелот CINEDAYS.
Во среда, 18 ноември, влезот е слободен!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top