| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден телефон на еден од терористите, испратена СМС-порака пред нападите

Инспекторите се сигурни дека покрај Салах Абдеслам, кој го бара полицијата, и неговиот брат Брахим кој се разнел на местото на нападот, постоел и трет маж кој допрва треба да го идентификуваат.

Tan2015-11-17_105848498_0-620x350

Француските служби соопштија дека е пронајден мобилен телефон за кој се верува дека го користел еден од напаѓачите во Париз минатиот петок.

Како што се наведува во телефонот е пронајдена порака „ОК,ние сме подготвени“.

Француските инспектори врз основа на видеоснимка потврдиле дека во автомобилот користен во пукањето во париските ресторани и барови минатиот петок се наоѓале тројца мажи и дека сега се трага по уште еден неидентификуван маж.

париз

-Тројца се наоѓале во црн „сеат“ од кој пукале на рестораните и терасите на баровите – кажаа изворите.

Инспекторите сега се сигурни дека покрај Салах Абдеслам, кој го бара полицијата, и неговиот  брат Брахим кој се разнел на местото на нападот, постоел и трет маж кој допрва треба да го идентификуваат.

Во меѓувреме, француската полиција денес објавила фотографија на еден од бомбашите-самоубијци  кој се разнел пред стадионот во Париз, повикувајќи сведоци да се јават ако имаат какви било информации.

Инспекторите веќе утврдиле дека на него властите во Грција веќе му земале отпечатоци  од прстите во октомври, но и дека неговиот идентитет останува нејасен.

Во близина на неговото  тело е пронајден сириски пасош кој му припаѓал на војник од силите на сирискиот режим кој бил убиен неколку месеци порано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top