Селекцијата на Украина се пласираше на Европското првенство 2016 година во Франција откако вечерва ја одбрани предноста од првиот бараж натпревар против Словенија (2-0). Словенците одиграа само 1-1 на свој терен и не успеаја да направат изненадување.
Избраниците на селекторот Катанец ја пропуштија ја шансата бидејќи имаа предност цели 80 минути од натпреварот по голот на Цезар во 11 минута. Словенија потоа не реализираше неколку убави шанси за втор погодок, а казната стигна во 97. минута, кога последниот дефанзивец на домаќините се лизна, а Украинците тргнаа во контранапад што Јермоленко го претвори во израмнувачки погодок.
Slovenia vs Ukraine 1-1 All Goals & Highlights… by tony-hoksa
Последниот билет за Франција и комплетирање на сите учесници обезбеди репрезентацијата на Шведска, откако денеска во реваншот против Данска на гостувањето одигра 2-2. Јунакот на целата нација беше најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна двата гола за својата репрезентацијата и обезбеди учество на ЕП. Предноста од 2-1 на домашен терен беше доволна за „Ибракадабра“ и другарите.
Швеѓаните поведоа со 2-0 по што Данците успеаја само да го израмнат резултатот преку Поулсен и Вестергард.
Denmark vs Sweden 2-2 All Goals & Highlights… by tony-hoksa
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)