На пријателскиот натпревар меѓу Англија и Франција на Вембли, навивачите заедно ја испеаја француската химна, Марсељезата.
Wembley sings ‘La Marseillaise’ (until my phone ran out of storage space) @AFP pic.twitter.com/qtJBWlV4LC
— Tom Williams (@tomwfootball) November 17, 2015
На стадионот беа и Принцот Вилијам, премиерот Дејвид Камерон и други личности од политичкиот и општествен живот во Обединетото кралство.
Резултатот на овој пријателски меч на крајот се чини не е важен.Важна е пораката која ја упатија двете репрезентации, Французите, Британците, Европјаните, фудбалот, навивачите, спортот, човештвото во целина.
Сведок на тоа се и новинарите присутни на овој натпревар, кои пренесоа дека „доколку Марсељезата мина и по малку матно заради потешкотии со текстот, едноминутниот молк бил- запрепастувачки моќен момент“.
Овој натпревар вечерва се одигра, за разлика од два други репрезентативни натпревари кои беа откажани заради опасност од тероризам. Натпреварот во Германија беше откажан неколку часови пред почетокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)