Официјални француски претставници соопштија вечерва дека е пронајден мобилен телефон за кој се верува дека го користел еден од терористите во Париз. Според нивните информации во телефонот е пронајдена порака : „Ок ние сме подготвени“. Француските истражни органи на основа на видео снимката утврдија дека во автомобилот „сеат“ користен при пукотниците во париските ресторани и барови минатиот петок се наоѓале три мажи, засега се трега по уште еден неидентификуван маж, наведуваат извори од правосудството за Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.