| четврток, 6 декември 2018 |

Јорданскиот крал во Приштина: На прагот сме на Трета светска војна

jordan-kingЈорданскиот крал Абдула Втори од Приштина терористички напади во Париз ги нарече „ужас на тероризмот“.

– Ужасните напади во Париз говорат дека терористичките групи не почитуваат ниту еден закон во светот. И реков на претседатекатата Јахјага дека сме на прагот на Трета светска војна, изјави тој по средбата со косовската претседателка Атифете Јахјага.

На прес конференција Кралот на Јордан Абдула втори бин Ал-Хусеин, искажал восхит поради напредокот постигнат во Косово по војната, додавајќи дека Косово е пример за верска толеранција.

– Задоволство е што повторно сум тука и што гледам промени кои се направени во Косово. Косово рефлектира добри вредности, вредности кои треба да ги рефлектираат сите, изјавил тој, јави косовската телевизија Клан Косова.

Познато е дека јорданскиот крал Абдула Втори повика на „Трета светска војна“, односно на заедничка борба против групацијата Исламска држава. Абдула на претставниците на сите религии им порача да бидат заедно додавајќи дека „тоа е наша војна“. Како воен пилот, тој лично учествуваше во дел од воздушните напади откако џихадистите погубија заробен јордански пилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top