| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот кој сее љубов меѓу христијаните и муслиманите ќе го обновува гробот на Исус

Во Ерусалим започна обновата на Црквата на гробот на Исус, поточно, ќе се обновува гробот на Исус,
неколку метри високата и широка мермерна едикула. Во последните неколку години целата метална конструкција која ги држи заедно мермерните блокови била нагризена од временските непогоди, пламенот од многубројните свеќи во близина, но и од влажноста која што ја прават милионите посетители.

Crucifiction Altar in Jerusalem

-Царот Хадријан во 135-та година наредил таа локација да се затрупа со земја и на тоа место да се изгради плоштад, а во 326-та, царот Константин наредил теренот да се ископа, по што бил пронајден гробот на Исус. Константин тука наредил да се изгради величенствена Базилика на гробот на Исус, а во 335-та година ерусалимскиот бискуп Макарија свечено ја осветил“, открива еден од познавачите на Светата земја, Адалберт Ребиќ.

54192-a-general-view-of-the-church-of-holy-sepulchre-during-a-holy

-Базиликата била уништена од Персијците во 614-та и од муслиманските Арапи во 1009-та година, а потоа, во 12-ти век ја осбновиле Крстоносците. После нивниот пораз, црквата од век во век страдала, а во 1808-ма година ја уништил пожар“, открива Ребиќ и додава дека православните Христијани добиле дозвола од Султанот во Цариград за обновување со помош на пари од „источните“ Христијани.

kral-abdula-isus-izrael-tocka-2016-02

Инаку, на сила и натаму е „Статус Кво“ од 1852-ра година кога отоманскиот Султан Абдул Меџид Први на молба на грчката православна црква го донел истоимениот „ферман“ кој го „замрзнува“ поделувањето на светите места во Базиликата на Светиот гроб, Базиликата на Исусовото раѓање и црквата на гробот на Марија, места поради кои со векови имало конфликти.

Според тој „ферман“, тој „Статус Кво“ одредува дека Базиликата на светиот гроб на Исус се дели на Грчката православна црква, Коптската црква, Франциската, Сириската, Етиопската и Ерменската црква.

Најинтересно е тоа што поради кавгата меѓу Христијаните, клучевите од Базиликата и натаму ги чуваат две муслимански семејства уште од времето на Саладин, Џудех и Нусејбех, кои церемонијално, секое утро ја отклучуваат и секоја вечер повторно ја заклучуваат.

Сегашниот план за обновување е растурање на едикулата и нејзино повторно составување. Ќе бидат заменети ранливите делови, а мермерните плочи ќе бидат исчистени, додека пак структурата на која што се потпираат ќе биде дополнително зацврстена.

Градежните работи ќе бидат финансирани од три главни христијански деноминации кои што управуваат со Базиликата на Светиот гроб, грчката влада, а дел од парите ќе се собираат со донации, меѓу кои е донацијата на јорданскиот крал Абдула Втори. Имено, Кралството на Јордан на чело со кралот Абдула издало декрет за финансирање на обновата на гробот на Исус во Светиот гроб во Ерусалим.

f67206e6a2aa3584d7a26cd5642fff63

-Улогата на Јордан во заштитата на опстанокот на Христијаните на Светата земја е јасна и неспорна, изјавил ерусалимскиот патријарх Теофил Трети и додал: Кралот Абдула ги предводи напорите на сите Јорданци во сеењето на љубов и братство помеѓу христијаните и муслиманите.

160113180637-king-abdullah-tsr-horizontal-gallery

Студијата и нацртот на градежните работи ги подготвил Националниот технички универзитет од Атина. Се очекува обновувањето да трае осум месеци, односно веќе идната година се би требало да биде завршено. За време на градежните работи, Базиликата и натаму ќе биде отворена за туристите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top