Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун денеска изјави дека светот мора да се обедини за да ги победи терористичките групи, но и предупреди оти не смее да дојде до одмазда и понатамошна дискриминација против муслиманите, а посебно бегалците и мигрантите, по терористичките напади во Париз.
Бан во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН посочи дека светот мора одлучно да ги поддржи земјите кои граничат со Сирија, кои досега згрижија милиони бегалци.
– Во светот се се погласни апелите за донесување на план за заздравување на тој регион, кој по свој обим би можел да биде сличен на Маршаловиот план. Ве повикувам да ја разгледате оваа идеја кога ќе биде претставена, за што се надевам дека наскоро ќе се случи, наведе Бан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


