| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени најмалку 17 полицајци во протестите во Приштина

kosovoВо денешните демонстрации пред зградата на косовскиот Парламент повредени се 17 полицајци од кои двајца потешко, а 12 возила, од кои осум цивилни и четири полициски се оштетени, соопшти косовската полиција.

Направена е и голема материјална штета на зградата на Парламентот, како и на униформите и на опремата на полицајците.

Претходно, портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа изјави дека во денешниот судир на полицијата со демонстрантите повредени се 18 полицајци, од кои двајца потешко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top