| четврток, 6 декември 2018 |

Париските ресторани во акција против стравот

2-le-relais-de-lentrecc3b4te-in-paris1Французите и туристите во земјата беа повикани да одат вечерва во рестораните во целата земја, за да им покажат на тој начин на терористите дека не се плашат од нив, јави ДПА.

Кампањата е под наслов „Сите во бистрото!“ и беше нарачана од францускиот гастрономски прирачник „Фудинг“.

Организаторите на кампањата имаат и свој симбол. Тоа е сликата „Мир за Париз“ на францускиот графички дизајнер Жан Жулиен.

На својот сајт, „Фудинг“ посочува дека организира кампања во спомен на жртвите во нападите од 13 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top