Неверојатниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Малага имаше контроверзен крај откако примија два гола во судсикото продолжение, од кои едниот од офсајд. Крајниот резултат беше 3-2 за Борусија, а Малага ќе патуваше во полуфиналето и со нерешено.
Сите во клубот од сопственикот до последниот играч се жалат дека судијата ги ограбил признавајќи го голот, и го обвинуваат Платини и УЕФА дека стојат зад овој заговор.
Сопственикот на Малага, шеикот Абдула Бин Насер Ал Тани во неколку пораки на Твитер побара темелна истрага на УЕФА и обвини дека се жртви за расизам.
-Жалам што испаднавме поради неправди и расизам. Се надевам дека УЕФА ќе спроведе темелна истрага поради ваквото испаѓање на шпанскиот клуб. Ова не е фудбал, ова е расизам.
За потсетување, Малага е во спор со УЕФА за финансиски проблеми на клубот поради што е исклучен од сите меѓународни натпреварувања следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.