| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен е конкурсот за Град на културата во 2016 година

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање на проектот „Град на културата” во 2016 година, кој ќе трае до 7 декември 2015 година.

Veles grad na kulturata - Promocija

 

На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, а пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Кон пријавата задолжително треба да се приложи прецизна фестивалска програма со препознатлива културна и историска традиција и краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата. При разгледувањето на пријавените програми, предност ќе имаат: програми што содржат проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација; програми кои афирмираат домашно творештво и домашни автори и програми кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност и кои подразбираат соработка со врвни уметници.

Манифестацијата „Град на културата“, која следната година ќе го има своето 13. издание, се организира со цел да се обезбедат услови за рамномерен културен развој и за достапност на културните вредности до граѓаните и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво.

Досега домаќини на ова случување беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Крива Паланка, Крушево, а годинава општината Велес е актуелен носител на титулата „Град на културата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top