Општина Берово ќе биде престолнина на културата во 2017 година.
-Во согласност со понудената апликација, програмата на Општина Берово содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности и се карактеризира со широка жанровска разновидност и стилски карактеристики. Во рамките на програмата е предвидено учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на Општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти, велат од Министерството за култура.
Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на културата 2017 година. Предвидени се музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби на реномирани уметници, програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Во Програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.
Прогласувањето на Берово за Град на културата за 2017 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто, сметаат од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.