Данскиот град Орхус и Пафос, на југозападниот брег на Kипар, од Нова година ќе ја преземат титулата eвропска престолнина на културата од шпанскиот град Сан Себастијан и полскиот Вроцлав, кои годинава го славеа европското културно наследство
„Преиспитување“ и „Мит и религија“ се темите на кои двата града ќе организираат културни настани во текот на целата наредна година.
Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше европска престолнина на културата. Целта на манифестацијата е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауератот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата.
Kритериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата, кои траат цела календарска година. За изборот решaва меѓународна комисија во Брисел, а одлуката се донесува четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската Унија. Во 2018 година престолнини на културата во Европа ќе бидат холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта, Валета, во 2019 – италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, а во 2020 – Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Леуварден и Валета – престолнини на европската култура во 2018 година
-
Берово ја презеде титулата „Град на културата“: До крајот на годината ќе се врати сјајот на манастирот „Архангел Михаил“
-
Берово, град на културата за 2017 година
-
Манифестацијата „Дојран – град на културата за 2016“ се отвора в сабота на плоштадот „Под јаворите“ (галерија)