| четврток, 6 декември 2018 |

Бремена висела од вториот кат додека терористите убивале (вознемирувачко видео)

Една од  најстрашните видео снимки од терористичкиот напад во Париз е онаа која од неговиот стан ја снимил новинарот на „Ле Монд“ Даниел Сени кој живее во улицата над салата Батаклан. Додека звучната позадина на снимката е панично врескање, се гледа и голем број на ранети луѓе и неколку  луѓе кои по паѓање од вториот кат останале без подвижно да лежат.

трудна виси

Додека бројни сведоци го напуштаат местото на нападот, некои од нив ги влечат и ранетите пријатели кои зад себе оставаат крвави траги на улицата, во прв план е една жена која виси од прозорец на вториот кат на театарот.

Бремената жена ја спасило момче познато само како Себастиан кој веројатно ја спасил во последен момент. Падот од вториот кат веројатно ќе беше смртоносен. И жената и нејзиното неродено дете го преживеале нападот, а нејзините пријатели преку социјалните мрежи му се обраќаат на незнајниот херој и му се заблагодаруваат, пишува Дејли мејл.

Себастина кој  не сака да го открие полното име,кажал дека и самиот низ прозор бегал од зградата кога ја здогледал жената која врескала да и помогнат бидејќи е бремена.

-Ги молеше луѓето дали ќе ја фатат ако рипне. Меѓутоа доле владееше хаос, а ние бевме 15 метри над улицата. Стоев тука пет минути кога исцрпената бремена жена ме молеше да ја вратам внатре. Тоа и го сторив. Не знам каде таа замина подоцна, но јас се вратив на моето старо место каде се криев – раскажал Себастиан.

Франс Тореле, пријателот на жената која Себастиан ја спасил, покренал акција со цел да го најде херојот. На крајот успеал да дојде до Себастиан но ниту тој не сака неговиот идентитет да се знае во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top