| четврток, 6 декември 2018 |

Вака Броз зборуваше за тероризмот: Да го послушаше светот советот на Тито, денес сѐ ќе беше поинаку

По повод терористичкиот напад во Париз, на социјалните мрежи повторно е актуализиран еден напис, кој во оригиналот беше објавен пред повеќе од 40 години, а во него е говорот на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, во кој повикува на мир, но, исто така, дава и рецепт како да се искорени тероризмот.

timthumb

Тито изрази несложување со акцијата на германските командоси во 1972 година во масакр на израелски спортисти за време на Олимписките игри во Минхен од страна на палестински терористи, кажувајќи дека можело подобро да се дејствува во тој случај.

Тогаш биле убиени 11 Израелци и двајца Германци, а поранешниот југословенски лидер навел дека има видови терор кои се случуваат и денес ширум планетата.

titooo

-Вие инаку знаете каква е ситуацијата. На Блискиот Исток работите дојдоа во слепа улица. Видовте што се случило во Германија на Олимпијадата во Минхен. Убиени се 11 израелски спортисти. Загинаа двајца Германци. Поради тоа веќе можеа да кренат авиони и да ги бомбардираат жените и децата во Либан и во Сирија. Јас лично, како и целиот наш народ, апсолутно сум  против тоа што го сторија командосите во Минхен. Дали тие беа свесно или несвесно нечие оружје, не знам. Но против теророт сум. Но, ајде малку да размислиме – какви сѐ терори постојат. Што е со оној терор кога секојдневно фрлаат илјадници и илјадници тони експлозив, кога со бомби се руши и сѐ живо се убива. Дали е тоа терор? Тоа е најлошиот терор. Според тоа, нека сега се извлечат поуки  од тоа што се случи во Минхен, па еднаш низ Обединети нации се стори нешто за да не би можел тероризмот да се појавува во светските размери. А тоа може да се оствари. Тоа што го прави сега Израел не го прави сам, тој има добра поддршка однадвор. Поради тоа е многу опасно. И тој терористички напад во Минхен има една мошне пеколна намера. Целата омраза на човештвото се сврти против Арапите. Без малку, би требале сите Арапи да бидат ликвидирани. Се разбира, ние треба да се бориме против тоа. Сега вината да се фрли на тие народи, на цели земји- кажал Тито во Приједор.

Со самиот говор, Тито дал и еден вид рецепт како да се санира моментната ситуација со тероризмот, иако југословенскиот претседател ги изговорил овие зборови пред 40 години.

тито2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top