| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу ризично, одложен е пријателскиот натпревар меѓу Белгија и Шпанија

Денеска, со почеток од 20.45 часот во Брисел требаше да се одигра суперинтересен пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и на Шпанија. Сепак, поради стравување од нови терористчки напади во Европа, мечот е одложен односно, откажан.
Откако во текот на вчерашниот ден на територијата на Белгија се водеа бројни полициски истраги во потрага по осомничените за терористичкиот напад во Париз, Фудбалската федерација на оваа земја по консултациите со УЕФА на крајот реши да го откаже натпреварот со „црвената фурија“.

– По разговорите со релевантните власти и со шпанската репрезентација, донесовме одлука да го откажеме натпреварот. Нашата Влада даде препорака натпреварот да не биде организиран поради опасност од нови напади, а ние со оглед на специјалните околности не сакавме да ризикуваме со животите на нашите фудбалери и навивачи – се вели во соопштението на Белгиската фудбалска федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top