| четврток, 6 декември 2018 |

Волтерс е херој за својата нација, Ирска патува на ЕП 2016 (видео)

Ireland vs Bosnia and Herzegovina

Фудбалската репрезентација на Ирска се пласираше на Европското првенство 2016 година, откако во реванш дуелот од баражот против Босна и Херцеговина на домашен терен славеше победа со 2-0. Ирците по првиот натпревар одигран во Зеница извлекоа нерешен резултат (1-1) и важеа за благ фаворит во возвратниот меч:
Херој за нацијата во синоќешниот дуел беше Џонатан Волтерс кој ги постигна двата гола. Во 24.минута, беше досуден пенал за домашната селекција откако Зукановиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а Волтерс беше сигурен изведувач на најстрогата казна.
Во второто полувреме Република Ирска стигна до водство и од 2-0, а повторно стрелец беше Џонатан Волтерс. Тој зафати волеј удар откосо од десната страна и успеа да го надмудри Асмир Беговиќ.
Босанците не успеаја да одговорат на спротивната страна, Ибишевиќ ја погоди само гредата во завршницата, по што стана јасно дека селекцијата на Република Ирска ќе биде дел од Европското првенство.Босанците не успеаја да одговорат на спротивната страна, Ибишевиќ ја погоди само гредата во завршницата, по што стана јасно дека селекцијата на Република Ирска ќе биде дел од Европското првенство.


PENALTY GOAL Jonathan Walters Ireland 1 – 0… by EuropeanLive


Jonathan Walters Goal – Ireland 2-0 Bosnia y… by HDFootball2015

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top