Косовската полиција на граничниот премин со Македонија, „Генерал Јанковиќ“ уапси три осомничени лица за тероризам, јави „Танјуг“, повикувајќи се на порталот „Коха.нет“.
Трите лица се уапсени под сомнение дека сториле кривично дело организирање и учество во терористички групи. Осомничените се уапсени на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“, кога излегувале од Македонија, каде што претходно беа вратени од турските власти, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Полицијата извршила и претрес на две локации при што биле пронајдени релевантни докази.
На тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба