Патрола на Белгиската полиција го запрела Салах Абдеслам, еден од осомничените за нападот во Париз, но по контролата го пуштиле да го продолжи патот низ Белгија. Како што се наведува, полицијата неколку часа по нападот во Париз, на границата со Белгија го запрела возилото во кое бил Салах Абдеслам, и тоа откако веќе бил идентификуван како личност што изнајмила „поло“, пронајдено на место на нападот на Париз.
Белгиската полиција потврди дека патролата го запрела бараниот терорист, го проверила идентитетот и го пуштиле да си оди, без да се посомневаат и да увидат дека е тој личноста што ја бараат.
Салах е еден од тројцата браќа кои го извршија нападот во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.