Легендата на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, Раул Гонзалес синоќа освои трофеј и се збогуваше од фудбалот. Во последниот меч во кариерата Раул со тимот на Њујорк космос триумфираше над Отава фјури со 3-2, закитувајќи се со пехарот во НАСЛ-лигата.
Раул своето повекување го најави уште пред неколку месеци и иако не се запиша во листата на стрелци, очекувано тој беше главната ѕвезда на теренот.
– Се чувствувам прекрасно. Од моментот кога го најавив пензионирањето прочитав безброј пораки, ја почувствував љубовта на фановите и сегашните и поранешните соиграчи, а токму тоа е најважно. Ова е најдобро за сите, имав среќа да настапувам за големи клубови, да ужувам во фудбалот. Ќе продолжам да живеам со оваа страст, но ќе тргнам по друг пат – изјави Раул, најавувајќи дека планира да остане со најважната споредна работа во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)