| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик го сопре Кире и се најде на листата на најдобри пет одбрани (видео)

vardar-kielce-11

 

Вардар во рамките од Лигата на шампионите в саботата му го гостуваше на европскиот шампион Барселона во „Блауграна“. Иако загуби со 31-30 „црвено-црните“ воопшто не се посрамотија и одиграа одличен натпревар.
На голот на Вардар блескаше Арпад Штербик успевајќи да го неутрализира „бомбардерот“ на Барса, Кире Лазаров. Една од многу интервенции на Штербик при шутевите на Лазаров се најде во топ-5 листата за најдобри одбрани во седмото коло во Лигата на шампионите.
Една позиција пред него е голманот на Барса, Гонзало Перез де Варгас и одбранетиот удар на Тимур Дибиров, а на врвот се најде Никлас Ландин, чија извонредна интервенција сепак беше недоволна за Кил да избегне пораз во пресметката со ПСЖ.

Најдобрите пет голмански интервенции во седмото коло од Лигата на шампионите можете да ги проследите на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top