| четврток, 6 декември 2018 |

Франција го возвраќа ударот: Интензивни напади врз џихадистите во Сирија (ВИДЕО)

Франција одговори на крвавите напади извршени во петокот на нејзина територија со интензивно бомбардирање на џихадистичкиот бастион Рака во источниот дел од Сирија.

fran

 

Француската војска ги нападна позициите на ИСИС во Сирија, соопшти француското министерство за одбрана.

Франција испрати 10 „авиони-ловци“ и исфрли 20 бомби над Рака.

Вкупно 12 авиони од кои 10 бомбардери полетале од ОАЕ и Јордан и учествувале во операцијата. Министерството наведува дека биле уништени цели во координација со американските сили.

franc

 Авионите ги погодија командниот центар и контролниот центар , регрутниот центар на џихадистите, склад за оружје и камп за обука на терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top