Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“, денеска, 15-ти ноември, во истарскиот град Жмињ ќе ја организираат културната манифестација „Денови на глаголицата во Истра“.
Манифестацијата е планирана како поетско музичка етно вечер на која за патот на глаголското писмо ќе говори етно музичарот Драго Драгузет.
Ќе настапат хорот на Македонското културно друштво на Истарската жупанија и КУД „Уљаник“ од Пула, како и поетеси и поети од Истра.
Покровители на настанот се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и градот Пула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


