Франција треба да се подготви за нови напади, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.
Тој нагласи дека следните денови и недели терористите може повторно да извршат напади во земјата.
– Ние долго ќе живееме со тие закани, треба да бидеме подготвени за тоа – рече Валс во интервју за радио „Ер-Те-Ел“.
Според Валс, нападите во ноќта меѓу петокот и саботата во Париз биле „организирани, осмислени и планирани на територијата на Сирија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.