| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг славеше на „Интерлагос“ за ГН на Бразил

Formula One Grand Prix of Brazil

Германскиот Формула 1 возач Нико Розберг славеше во трката за Големата награда на Бразил што се возеше на патеката „Интерлагос“.
Пилотот на Мерцедес ја искористи пол-позицијата и водеше во текот на целата трка. Тој по петти пат оваа сезона се искачи на највисокото место на пиедесталот а воедно ја одбрани победата од минатата сезона.
Втор беше неговиот клупски колега и старо-нов шампион Луис Хамилтон кој заостана осум секунди зад победникот. Хамилтон не беше расположен да се бори за првото место и рутински ја сочува втората позиција пред Себастијан Фетел од Ферари.

Formula One Grand Prix of Brazil

На четвртото место на трката заврши Кими Раиконен, а потоа следеа возачот на Вилијамс, Валтери Ботас, Нико Хилкенберг во болидот на Форс Индија и возачот на Ред Бул, Данил Квајт. Првите десет ги комплетираа и миленикот на домашната публика, Фелипе Маса, Роман Грожан во билидот на Лотус и најмладиот возач во шампионатот Макс Ферстапен.

Годинашниот Ф1 шампионат завршува со Големата награда на Абу Даби на 29. ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top