| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт

ЦРРЦ, информира министерот Мисајловски, согласно договорот на МЖ Транспорт треба да испорача уште еден електромоторен воз до крај на годинава, а во  првиот квартал следната година четири воза на дизел погон.

– Железницата од денеска влегува во нова ера во која граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт. Овој воз со капацитет од 200 патници е еден од најсовремените произведени возови, направен согласно сите стандарди на ЕУ, рече Мисајловски.

Во истовреме со пуштањето на новиот воз, оцени, значајно  е што завршуваат активностите за обнова на Железничката станица во Скопје, во што се инвестирани 2,6 милиони евра и оти се во тек такви активности за реконструкција на уште десет железнички станици долж Коридорот 10, вложување од 2,5 милиони евра.

Според премиерот Груевски, ова е историски ден за македонскиот железнички превоз затоа што е помината цела една историја во која никој не се  погрижил да набави нови возови за македонските граѓани. Не се потребни многу зборови, туку само да ги видиме старите возови на шините  и новиот кој денес го ставаме во употреба. Разликата е навистина многу голема, потенцира Груевски.

Новиот воз, истакна, е првиот од повеќето нови модерни возови со кои ќе се обнови возниот парк на Железницата,  капитална инвестиција од 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и равзој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра.

Со новите возови, како што рече Груевски, ќе бидат покриени околу 60 проценти  од линиите во патничкиот сообраќај,  што директно значи поудобен и поквалитетен  превоз на патниците.

– Владата веќе разработува план за набавка на вакви возови и за останатите 40 проценти од линиите во Македонија. Како продолжение на нашите инвестиции во железницата во подготовка сме на набавка на три нови локомотиви, а веќе склучивме и договор за реконструкција на халите за одржување на возовите, посочи премиерот Груевски.

voz6

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека со Буџетот за следната година се планираат две милијарди и 200 милиони денари инвестици во железницата или, како што рече, 15 пати повеќе во однос на 2006 година.

– Целта е македонската железница да го добие ликот кој треба да го има, односно да биде модерна и функционална, нешто што требало да биде уште пред многу години, но се случува сега и не смее да се одложува понатаму. Резултатите се веќе видливи, сведоци сме денеска на една слика каква треба да биде макеоднската железница. Овој воз  е само дел од мозаикот на кој работиме за модерна Македонија, рече Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top