Масимилијано Наталучи е најсреќниот Италијанец. Тој може слободно да напише автобиографија и таа да стане бестселер. Освен неколкуте сообраќајни несреќи кои можеле да бидат фатални по неговиот живот, тој го преживеал „Хејсел“, а бил и на „Стад д’Франс“ во петокот кога успеал да излезе жив.
Тој пред 30 години како 15.годишен страствен навивач на Јувентус заедно со неговиот татко присуствувал на најголемата фудбалска трагедија, во финалето на Купот на европските шампиони меѓу Ливерпул и Јувентус каде во стампедо загинале 39 луѓе.
Во Париз во петокот бил на само три метри од местото кое терористот во обид да влезе на стадионот си го одземал животот без да се случи поголема трагедија забележан од редарите на стадионот.
– Се слушнавме на телефон. Стоел три метри од еден од терористите на „Стад д’Франс – во шок за италијанските медиуми ја прерасказал приказната неговиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.