Медијаторот на кратката прес конференција изјави дека на двете страни им предложил нов предлог кој тие ќе го достават на своите влади.
Нимиц Очекува дека Скопје и Атина темелно ќе го простудираат предлогот и дека ќе ги разгледаат позитивните состојки со што ќе биде отворен пат за отпочнување на сериозни дискусии и конечно решение.
Како што пренесува Канал 5 Нимиц е подготвен да го посети регионот доколку за тоа има потреба но на средбата не било договорено дали продолжението на преговорите за името ќе се случи во Њујорк или во регионот. Тој пред новинарите во Њујорк откри дека по последната посета на регионот во Јануари добил повратни информации и сугестии од двете страни по што ги рафинирал предходно дадените идеи. Нимиц во последниве 3 месеци имал редовна комуникација со двајцата преговарачи. Очекува наредната рунда разговори да се случи за два месеци односно пред јунскиот самит на Европската унија.
На средбата на Ист Ривер присуствувал и Xефри Фелтман подсекретар на Обединетите Нации , според Нимиц причината за присуството на високиот претставник на ОН на средбата е големиот интерес на генералниот секретар на светската организација за изнаоѓање решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија