Неприкосновената кралица на УФЦ Ронди Роузи ноќеска го доживеа првиот пораз во кариерата. Таа на 193.боречки спектакл во Мелбурн беше поразена од сонародничката и поранешна шампионка Холи Холм со нокаут во 59.секунда од втората рунда.
Со тоа се докажува дека нема непобедливи во боречките спортови и доминацијата на Роузи полека спласнува.
34.годишната Холм и зададе два незгоди удари на сега веќе поранешната шампионката, а откако противничката падна на земја ја искористи можноста да ја „дотолчи“ со неколку удари во лицето и да победи во мечот.
Американските медиуми тврдат дека по нокаутот „кралицата на УФЦ“ била револтирана и не сакала да разговара со новинарите, а исто така, поради незгодните удари во главата таа завршила на дополнителни прегледи во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)