| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите осум ја искроистија можноста за селфи пред завршниот Мастерс во Лондон

selfi

Денеска со почеток од 15 часот започнува тениското лудило во „О2 арената“ во Лондон меѓу најдобрите осум тенисери во светот.
Учесници на завршниот Мастерс во Лондон се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Станислас Вавринка, Давид Ферер, Кеи Нишикори и Томаш Бердих кои се поделени во две групи, а фаворит за титулата е српскиот ас кој зад себе остава фантастична сезона полна со рекорди. Тој е бранител на титулата од минатата година, а во двојки трофејот го бранат браќата Мајк и Боб Брајан.

Во групата А ќе настапуваат Бердих, Нишикори, Ѓоковиќ и Федерер, додека во групата Б се Мареј, Ферер, Надал и Вавринка. Во втората фаза патуваат најдобрите двајца од секоја група. Првите мечеви ги играат Ѓоковиќ-Нишикори (15ч) и Федерер-Бердих (21ч).

teniseri

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top