Најдобриот тим во НБА лигата и актуелен шампион Голден Стејт има импресивен старт на новата сезона. „Вориорс“ ноќеска ја забележа и 11 победа од исто толку натпревари, а ноќеска жртва беше Бруклин кој загуби со 107-99 по едно продолжение.
Сепак можеше многу лесно Голден Стејт да загуби на овој натпревар против еден од најслабите тимови во лигата во досегашниот дел од сезоната, но за да не се случи сензација се погрижи Андре Игудала кој погоди тројка во последните моменти од регуларниот дел на мечот и го израмни резултатот.
Во екстра-периодот „вориорси“ направија серија од 10-0, поведоа со 107-97 и пракитчно го решија победникот. Најефикасен кошаркар беше Стеф Кари, кој постигна 34 поени, а по него следеше Грин со трипл-дабл учинок од 16 поени, 12 асистенции и 10 скока, додека кај Бруклин најмногу се истакнаа Џек со 28, односно Јанг со 26 поени.
НБА Резултати:
Вашингтон – Орландо 108-99, Хјустон – Далас 98-110, Милвоки – Кливленд 108-105 (по прод.), Сан Антонио – Филаделфија 92-83, Феникс – Денвер 105-81, Голден стејт – Бруклин 107-99 (по прод.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)