| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар загуби но никако не се посрамоти

FC Barcelona Lassa vs Vardar Skopje

Европскиот шампион Барселона вечерва на домашен терен во „Блауграна“ славеше минимална победа над Вардар од 31-30 и се искачи на првото место на табелата во групата Б со 11 бодови, еден повеќе од македонскиот шампион.
„Црвено-црниот“ состав одигра маестрален натпревар и вистински го намачи каталонскиот гигант, правејќи му проблеми во текот не целиот меч. Избраниците на Раул Гонзалес успеаја да го сопрат македонскиот бобардер Кире Лазаров кој постигна само еден гол од дури девет одбрани. Лазаров трипати ја погоди конструкцијата на голот, а Штербик му фати дури шест удари од кои и еден седмерец.

FC Barcelona Lassa vs Vardar Skopje

Сепак ако Лазаров немаше свој ден, на левата бековска позиција шанса од тренерот Чави Паскал доби Тунижанецот Жалус кој беше неверојатен со 12 голови. Тоа беше џокерот на стратегијата на каталонците бидејќи во досегашните шест натпревари истиот играч постигна вкупно десет гола. Иако Вардар прими 31 гол, одбраната беше на висина на задачата и ги спречи брзите контри на европскиот шампион, па така нападите мораше да се завршуваат по долги комбинаторики.
Истото важеше и за вардари кои одиграа одличен натпревар во пресрет на реваншот во Скопје каде ќе ја бараат шансата за победа и повторно заземање на првото место на табелата.
Двата голмана Штербик и Де Варгас беа солидни меѓу стативите успевајќи да фатат по 12 топки. Во редовите на Вардар се истакна Горбок со девет погодоци.

За една недела Барселона треба да гостува во „пеколот“ во СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top