| четврток, 6 декември 2018 |

Хедо Туркоглу ја заврши кариерата

Прославениот турски кошаркар кој цели 15 години настапуваше во НБА лигата, Хедо Туркоглу реши да стави крај на богатата кариера.
Последен пат во НБА лигата настапи минатата сезона во дресот на ЛА Клиперс.
Турскиот интернационалец беше драфтуван во НБА-лигата во 2000 година од екипата на Сакраменто кингс, каде играше три сезони. Потоа го носеше дресот и на Сан Антонио, Лос Анџелес клиперс, а најдолго дури осум сезони се задржа во Орландо меџик.

– Многу сум благодарен што имаш шанса да го живеам мојот сон и да играм во НБА-лигата. Секогаш ќе се сеќавам на соиграчите, тренерите, членовите на тимовите и сите навивачи кои ја направија мојата кариера толку убава за мене и моето семејство – напиша Хидает Туркоглу во своето соопштение до јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top