Германскиот Формула 1 возач во тимот на Мерцедес, Нико Розберг утрешната трка за Големата награда на Бразил ќе ја стартува од пол-позицијата. Тој на денешните квалификации оствари најдобар резултат од 1:11,282 минути.
Ова е петта пол-позиција во низа за асот на Мерцедес, кој стана само 13. возач во историјата на Формула 1 што успеал да дојде до вакво достигнување.
Розберг во денешните квалификации го остави зад себе тимскиот колега Луис Хамилтон, кој и покрај веќе освоената титула е максимално мотивиран за првпат во кариерата да триумфира на бразилското гран-при. Третото место му припадна на Себастијан Фетел, зад кого се најдоа двајца Финци, Ботас во Вилијамс и Раиконен во Ферари, а Топ 10 во квалификациите ги комплетираа Хулкенберг, Квијат, Маса, Рикардо и Верстапен.
Резултати:
1. Нико Розберг Мерцедес 1:11,282
2. Луис Хамилтон Мерцедес +0,078
3. Себастијан Фетел Ферари +0,522
4. Валтери Ботас Вилијамс +0,803
5. Кими Раиконен Ферари + 0,862
6. Нико Хулкенберг Форс Индија +0,983
7. Данил Квјат Ред Бул +1,040
8. Фелипе Маса Вилијамс +1,133
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.