Едно лице е уапсено, а британската полиција истражува „сомнителен предмет“ по евакуацијата на терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“, јави ДПА.
– Северниот терминал на аеродромот беше евакуиран како мерка на претпазливост по еден инцидент. Дополнителен персонал на самото место се грижи за состојбата на патниците, напишаа аеродромските власти на Твитер.
Полицијата потврди дека терминалот бил евакуиран утрово откако „еден маж исфрлил сомнителен предмет на аеродромот“. Тој бил веднаш притворен, а сомнителниот предмет се истражува.
– Во моментот ги истражуваме околностите во врска со инцидентот и е многу рано да се каже за ков предмет станува збор. Но поради синоќешните случувања во Париз има зајакнати безбедносни мерки и најдобро е кон ова прашање да се однесуваме крајно сериозно, истакна потполковник Ник Меј од британската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.