Билансот засега од вечерашните напади во Париз е над 150 загинати во Париз во 7 терористички напади Според неофицијалнните проценки на француската полиција кои ги пренесуваат голем број светски медиуми над 150 луѓе загинале во вечерашните напади во главниот град на Франција. Најголем број загинати, животот во загубиле во концертната сала каде што се одржувал концерт на аемриканска хеви метал група. Таму двајцата напаѓачи кои што беа убиени од полицијата два часа пукале со автоматско оружје и фрлале бомби на гостите на концертот, а пред нападот на полицијата жртвите ги убивале еден по еден. Останатите педесетина луѓе се убиени во 6 други инциденти во центарот на Париз во добро организирана и координирана акција на терористичка група за која француските власти сеуште не откриваат никакви детали. Претседателот Оланд во своето обраќање до нацијата изјави дека властите знаат кој ги извршил нападите во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.