| четврток, 6 декември 2018 |

Сведок пред ресторанот „Мала Камбоџа“: Мислам дека внатре имаше Англосаксонци

Три експлозии се случија вечерва во Париз: во ресторанот „Мала Камбоџа“, во Батанкал на концертот на групата”Eagle of Death Metal” и во кафетеријата „Бел екип“.

Една триесетгодишна жена сведок на нападот во ресторано „Мала Камбоџа“ за парискиот весник „Монд“ опиша дека покрај ресторанот поминувала со мотор. Излогот на ресторанот бил искршен, рече таа, и додаде дека најпрвин помислила дека некој со автомобил влетал со голема брзина во излогот.

-Видов луѓе по земја. Не сфатив што се случува. Имаше многу луѓе на земја, многу. Колку што се сеќавам четириесеттина беа на земја, само 4-5 луѓе, не повеќе, стоеја. Не видов крв. Дојдоа бргу пожарникари, но беше многу тивко, тоа ме фрапираше. Мислам дека имаше Англосаксонци, бидејќи една исплашена девојка рече:”gunshot, gunshot”, раскажа таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top