Црковните канони не откриваат што е поголем грев , да се крадат авторски права преку интернет или да се симнуваат порно филмови.
Со оваа дилема во иднина ќе мораат да живеат и властите во државата Ватикан каде е сместен Папата откако истажувањето на TorrentFreak и ScanEye покажа дека пиратеријата е доста популарна кај свештениците.
Интернет порталот it.com.mk објавува дека во Ватикан каде живеат 800 луѓе една IP адреса се издвојувала и била поактивна од другите кои исто така илегално крадела интернет материјали.
Преку таа адреса се симнувале телевизиски шоуа како Touch, The Neighbours, Chicago Fire и Lightfields но и филмови со класична и порно содржина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.