15 лица се убиени во нападот на концертната сала, а три во Stade de France, јавува AFP.
AFP јавува за најмалку 30 мртви во пукотниците во Париз.
Според локалните медиуми на ресторанот „Мала Камбоџа“ биле фрлени три бомби во близина на Плоштадот на Републиката.
Новинарот на BBC од лице место вели дека на улицата гледа 10 луѓе кои се или мртви или тешко повредени. Според неговите зборови полицијата тукушто стигнала на местото на нападите.
Според „Си-Ен-Ен“ еден очевидец тврди дека еден од напаѓачите извикал: „Алах акбар“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.