| четврток, 6 декември 2018 |

За верниците задолжителен пост: Денеска е најтажниот ден во христијанството

Денеска за православните верници е задолжителен пост бидејќи се присетуваат на маченичката смрт на 70 апостоли, како и на трагичниот крај на Епимах за кого се смета дека бил потомок на Јован Крстител.

Епимах Римјаните го осудиле на мачење и смрт затоа што го ширел христијанството. Кога почнале да го мачат тој пред насобраниот народ и војниците извикнал:

-Удрете ме, плукајте ме, ставете ми венец од трње на главата, напијте ме со жолчка, на крст распнете ме и со копје прободете ме! Ако тоа го претрпел мојот единствен Исус Христос ќе издржам и јас!

Преданието вели дека во текот на отсекувањето на делови од телото на Епимах капка од неговата крв паднала случајно на една слепа жена, и таа во истиот миг прогледала.

Жената наводно извикала: „Голем е Бог!, а масата во наплив на бес се судрила со римските војници.

Но, за Епимах, за жал, било доцна. Но, преданието вели дека неговите коски чудотворно лечеле долго по неговата смрт.

Приказната за Епимах е само една и тоа најпотресна, а ништо помалку не биле ниту беседите за секој од 70-те мачени апостоли, поради кои денешниот ден се смета за еден од најтажните во православието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top