Бразилската легенда Роналдо изјави дека за него Нејмар е најдобариот играч за 2015 година и тој треба да ја освои „Златната топка“.
– Мило ми е што Нејмар добро се снаоѓа во Барселона, особено со број 11 на грбот, кој јас го познавам многу добро, рече Ривалдо, добитник на „Златната топка“ за 1999 година.
– Не знам кој ќе биде избран за најдобар фудбалер во 2015 година, но според моето скромно мислење, без да ги минимизирам постигнувањата на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и другите, Нејмар заслужува да биде најдобар играч, изјави Ривалдо.
Слично мислење има и друга легенда на Барселона и бразилскиот фудбал, Роналдињо, добитник на „Златната топка“ за 2005 година.
– Нејмар е феномен. Во моментов тој е најдобар бразилски фудбалер во светот. Прекрасно е да се гледа како тој ја продолжува традицијата на добрите резултати на бразилците на „Камп Ноу“. Убеден сум дека тој може да стане најдобриот фудбалер во светот, бидејќи е одличен човек и пријател и го заслужува, изјави Роналдињо.
Во последните неколку недели, во отсуство на Меси, Нејмар покажува одлична игра во напад во тандем со уругваецот Луис Суарез и сам реализира 10 гола, во последните 8 натпревари на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.