| четврток, 6 декември 2018 |

Музиката што ја слушате го открива вашиот каракер

headphones-512Сакате да слушате поп или џез или можеби сте љубител на класичната музика. Погледнете што кажува вашата омилена музика, за вашата личност.
Адријан Норф, доктор по филозофија, спроведува тригодишно истражување, во кое ги поврзува музичките параметри со личноста, а во него учествуваат повеќе од 36 илјади луѓе.

Хеви метал
German rock band Scorpions performs at Palalottomatica in RomeФановите на хеви металот се нежни и креативни. Резултатите покажуваат дека луѓето кои слушаат хеви метал се претежно млади, доста деликатни, креативни и многу блиски по карактер до оние кои слушаат класична музика.

Клаична музика

Toronto Symphony in Concert

Сложен и замислен, е идеалниот опис, како за класичната музика, така и за нејзините обожаватели. Според истражувањето на доктор Норф тие се креативни, паметни и со високо мислење за себе. На слушањето музика гледаат како на театарска искуство. Луѓето кои слушаат класика, се претежно постари и луѓе кои добро заработуваат.

Хип хоп

Hip hop dancer

Фановите на хип-хоп културата се енергични и ритмички слушатели. Тие го сакаат социјалниот аспект на музиката, танцување, пеење и споделување со други, наместо затворање на музиката во слушалки. Се дефинираат како екстроверти и имаат високо мислење за себе.

Поп музика

Becky G at The Joint in Las Vegas, NV

Поп музиката е за пријателски настроени луѓе. Во споредба со останатите категории, луѓето кои слушаат поп музика, покажуваат недостаток на креативност и се со тенденција постојано да се загрижени за нешто. Сепак тие се пријателски расположени и социјални. Слушателите кои постојано си пуштаат една иста песна, ја користат музиката за да си го подобрат расположението.

Рок музика

Band practicing in garage

Рокерите се комуникативни, но и себични. Класичените рок фанови, напорно работат и обично се во хармонија со себе. Тие се најегоцентрични, во споредба со останатите. Слично на обожавателите на поп музиката, луѓето кои слушаат рок, ја користат омилената музика, за да си го подобрат расположението, бидејќи обично ја поврзуваат со некакво силно емотивно доживување. Луѓето од оваа група, сепак може да се разликуваат доста во зависност од типот на рок, кој го слушаат. Луѓето кои преферираат инди рок, се креативни и отворени кон нови искуства, но имаат ниска работна етика и самопочит. Но пак оние кои слушаат панк рок, зрачат со енергичност и слаба емпатијата.
Фолк, џез и блуз

Audience Waiting for Jazz Concert

Фолк, џез и блуз обожавателите се големи мислители. Слично на луѓето кои слушаат класична музика слушателите во оваа група се замислени, непристрасни и многу креативни. Ја користат музиката повеќе како вежба на умот, отколку на телото. Ако на пример свирите џез, можете да исклучите дел од мозокот, за да отклучите дополнителна креативност.

Кантри музика

Brad Paisley performs at The University of Texas at Austin - Austin, Texas

Љубителите на кантри музиката се вредни. Луѓето од оваа група се скромни, љубезни и многу работат. Речиси се затворени за други видови музика и уметност. Нивните политички верувања се конзервативни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top