| четврток, 6 декември 2018 |

Врие мигранти на границата со Грција – по телеграмата на Спасовски полицијата не знае кој за што има овластувања

Migrants in FYROM

Врие мигранти на македонската јужна граница. Полициските службеници кои биле синоќа на смена за Press24 изјавиле дека меѓу нив владее целосна конфузија по последната телеграма на техничкиот министер Оливер Спасовски.

„Пристигаат огромен број мигранти а ние не знаеме што да правиме. Не се знае кој за што има овластувања“ – вели полициски службеник за Press24.

Оливер Спасовски со телеграма вечерва ја развласти македонската полиција. Тој им ги одзема сите овластувањана началниците, командирите и директорите во МВР, па сега, доколку Македонија се соочи со терористичка закана, Директорот на бирото за јавна безбедност нема овластувања да испрати специјалци на терен.

Вработени со МВР со долгогодишен стаж велат дека ова е невиден преседан и дека вакво искуство немале за време на нивниот работен век. Според нив, тоа е последица на фактот што на чело на полицијата дојде човек кој никогаш не работел во оваа област, нема никаква стручност и се води според партиски директиви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top