Спасовски вечерва со телеграмата ги одзема ингеренции и за носењето на најобични одлуки во полицијата, но и веднаш ги зграби набавките. Извори од МВР велат дека одлуката на Спасовски е незаконска и многу штетна.
Пораката пак која Спасовски ја упати кон надвор од министерството, може да се сфати и како повик кон некои криминално-терористички структури, бидејќи го става безбедносниот систем во ранлива позиција. Во ваква состојба во МВР полицијата не може да приведе ниту едно осомничено лице без одобрение на министерот.
Со ова одлука Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од вечерва, полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластувања.
Кадри кои со години работат во Министерството велат дека вакво нешто никогаш не се случило во полицијата. Се оценува дека ваквиот негов чекор покажува на дело дека Спасовски воопшто нема познавања во областа на безбедноста и полициското работење што може да нанесе огромна штета на граѓаните на Македонија.
Спасовски преку телеграма вечерва им ги одзема овластувањата на сите вработени во полицијата. Вработените, коментираат извори од МВР, се збунети од самоволието и ароганцијата на техничкиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?