| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Ќе биде „навистина тешко“ да се договориме со Лондон

tusk

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска оцени дека ќе биде „навистина тешко“ да се постигне договор со Велика Британија околку нејзините барање за редефинирање на односите меѓу Лондон и Брисел, јави ДПА.

– Ќе биде нависитна тешко да постигнеме договор и сигурно е дека тоа нема да можеме да го сториме до декември. Ова е навистина многу многу тешко прашање, изјави Туск по завршувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Ла Валета посветен на мигрантската криза.

Тој нагласи дека на денешниот собир не станало збор за британските барања, додавајќи дека за тоа ќе се расправа на Самитот на ЕУ на 17 и 18 декември во Брисел.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе организира референдум за оставување или излез на Велика Британија во текот на 2017 година, но пред тоа бара постигнување нов договор со Брисел со кој, како што тврди, би се заштитиле интересите на земјата.

На почетокот на неделава Камерон испрати писмо до лидеирте на ЕУ во кое ги образложи британските барања, меѓу кои како најктроверзно се оценува она за ограничување на правото за користење на британските социјални бенефиции од страна на државјаните на другите земји на Унијата.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер од своја страна денеска во Ла Валета најави дека во текот на следната недела ќе разговара со земјите-членки на ЕУ со цел да ги слушне нивните мислења во врска со барањата на Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top