Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп им се придружил на Кина и на радикалниот ислам како една од заканите за Европа.
Тој ги повика граѓаните на Европа да се држат едни до други за да избегнат доминација од другите три континентални сили. Меѓу заканите се „Кина полна со самодоверба, „агресивната политика на Русија“ и „радикалниот ислам“, како и „загрижувачките изјави на новата американска администрација“.
– Сето тоа ја прави нашата иднина исклучително непредвидлива, наведе Туск.
Во писмо упатено до лидерите на државите членки на ЕУ, тој посочува дека трговската политика на Трамп е заснована на поголем протекционизам и дава шанса на ЕУ.
Туск тврди дека ЕУ сега би требало да направи повеќе за нови договори за слободна трговија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.